ТВ21: Затвореник е лицето кое пукало во Чаир

 

Околу 18 часот и 10 минути, затвореник за кој во моментов не е нејасно како го напуштил затворот, пукал кон член на групата Грчец, дознава ТВ21 од свои извори.

Лицето кое во моментот се движело по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ било пукано во ногата. Потоа итно е префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата.

Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат.

Тој на полицијата и појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата. Нејасно е во моментов дали при исказот повредениот потенцирал дека го знае напаѓачот.

Според првичните информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.

Инаку дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство, објави ТВ21.

14.10.2024 - 22:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега