Туфегџиќ: Татко и на Вања е жртва - доказите кои ги презентираше Обвинтиелството тој сам ги собра


Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ кажа дека денеска во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е поткрепата на обвинението за Александар Ѓорчевски и врз основа на кои докази го темели обвинението за стореното кривично дело

Палчо: Нема да ја вознемирувам мајка и на Вања - Судот одби судење без камери

„Само паушално наведува дека помагал. Немаме дејствија на извршување, немаме доказ и потполно беше апсурдно барањето на Јавното обвинителство за исклучување на јавноста, а јавниот обвинител во воведниот говор вели јавноста да ги добие долгоочекуваните одговори. Како јавноста доколку биде исклучена ќе ги добие долгоочекуваните одговори“, рече Туфегџиќ.

ВИДЕО: Никој не се чувствува виновен - татко и на Вања „се става на располагање“

Адвокатот додаде дека таткото на Вања е жртва и оштетен во постапката.

Палчо проговори: Не го познавам татко и на Вања - полицијата го мести

„Александар е жртва, тој е оштетен во оваа постапка, тврдам дека секој родител на кој би му се случило вакво нешто би го презел апсолутно истото што го презел тој, би водел своја самостојна истрага. Сведоци сте дека обвинението се темели токму на доказите кои ги прибавил Александар и тоа со знаење и согласност на полициските службеници“, рече адвокатот и додаде дека „тврди дека ова не е водено онака како што треба, затоа го имаме тој резултат во однос на Александар“.

 

20.09.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега