Трагичен крај на потрагата по двегодишното дете од Франција


Француските медиуми
соопштија дека полицијата го пронашла телото на момчето Емил, кое исчезна во Франција во јули минатата година.

Посмртните останки на момчето биле пронајдени во близина на селото каде што исчезнало. Генетската анализа покажала дека се работи за Емил.

„На 30 март 2024 година, Националната жандармерија беше информирана за откривање на коски во близина на селото Верн“, се вели во соопштението. Истражувачите извршија генетска идентификациска анализа што доведоа до заклучок на 31 март дека тоа се коските на Емил С.

 

Емил последен пат е виден на 8 јули 2023 година, околу 17:15 часот, во единствената улица од овој мал град со 25 жители, кој се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри, на падините на масивот Троа-Евеш. Детето дошло на одмор во викендицата на баба му и дедо му кога исчезнало.

 

Според официјалната обнова на настаните, која ја потврдија роднините на исчезнатото момче, Емил на денот на неговото исчезнување бил без надзор само неколку минути.

Имено, тој ден неговите баба и дедо го оставиле сам во градината, додека пакувале работи за пикник во природа на кој требало да одат секој момент.

Меѓутоа, кога излегле во дворот од куќата да го повикаат малиот, тој го немало. Како што изјавиле, мислеле дека отишол до автомобилот. Но, ниту таму не го нашле.

Веднаш ги повикале родителите на Емил, а потоа и полицијата. Официјалната потрага започнала околу 17:15 часот, кога членовите на семејството, полицијата, итната помош и локалните жители тргнале да го прегледаат просторот околу куќата и селото.

01.04.2024 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега