Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка

 

 

Советот на јавните обвинители на Македонија денеска ќе ја одржи 18-та седница на која ќе треба да се констатира оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева. 

Поставувањето на Цалева за в.д. шефица на скопското Вишо јавно обвинителство, предизвика бурни реакции. Според бројни експерти таа одлука е спротивна на членот 25 став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде функцијата вршител на должноста е опција само доколку на вишиот јавен обвинител му е истечен мандатот или тој е разрешен.

МКД.МК пренесува дека Цалева деновиве го известила државниот обвинител Коцевски дека таа не е подготвена да ги трпи критиките од јавноста.

На седницата денеска е и предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.

На седницата ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

- „Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем“, информираа од прес службата на владата.

Министерството за правда смета дека Коцевски треба да биде разрешен заради низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството.

18.02.2025 - 08:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега