Јашари од Чаир кој стана министер во Сирија се поврзува со масакрот кај Смилковци?

 

Абу Катада Албани е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, откако долги години ја предводеше џихадистичката група „Џемати Албан“, која ја сочинуваат претежно Албанци од Косово и Македонија, пишува „Информер.рс“.

Тој е Албанец роден во Скопје, во населбата Чаир на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Албани претходно беше лидер на Фронтот Ал Нусра, што доведе до тоа да се најде на црната листа на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.

- „Албанските борци одиграа важна улога, не само на теренот, туку и во планирањето и координацијата на операциите“, рече тој.

Според информациите на Телма, тој во Македонија бил дел од истрагата за масакрот кај Смилковско Езеро во 2012 година. Според Телма, заштитен сведок го познал Јашари, но никогаш не бил најден на адреса.

Убиството кај Смилковци кое ја потресе цела македонска јавност се случи на 12 април 2012 година, кога со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

18.02.2025 - 08:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега