Се повлекува локалното население и полицијата во близина на пожарот во Трубарево - на терен се сите расположливи ресурси

 


Денеска во скопската населба Трубарево во Ф-Групација избувна голем пожар.

На терен се распоредени сите расположливи ресурси на противпожарната бригада и полицијата.

Над местото делува и полициски хеликоптер и ер трактор. Од чадот и силниот мирис на изгорена пластика, локалното население во близина е принудено да се повлече, а истото го прават и полициските службеници поради ризикот од вдишување канцерогени материи.

13.09.2025 - 16:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега