Таравари: Имаме двојна предност пред ВЛЕН, за Алиу и Фетаи нема место во АА

 


Предноста на Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) пред конкурентската ВЛЕН/ВРЕДИ е два спрема еден, рече лидерот на крилото од партијата Алијанса за Албанците по состанокот на Централното собрание. Тој потенцира дека за доскорешните сопартијци Азир Алиу и Арбен Фетаи нема да има место.

Таравари оценува дека на локалните избори коалицијата во која се ДУИ и крилото кое го предводи ќе извојуваат убедлива победа.

- Убеден сум дека на 19 октомври, НАИ ќе излезе со силен резултат на државно ниво. Предноста пред ВЛЕН ќе биде над два спрема еден. Ова не е само очекување, туку многу јасен сигнал и за албанските граѓани и за премиерот за тоа кој ја има вистинската поддршка од Албанците, нагласи Таравари во изјава за медиумите по состанокот кој се одржа синоќа во Гостивар.

На партискиот собир и официјално е потврдено учеството на Алијанса за Албанците во коалиција и кандидатите за градоначалници во четири општини ги усвои и листите за општински советници. Станува збор за Ваљбон Лимани за Гостивар, Блерант Рамадани за Сарај, Назим Таипи за Теарце и Исен Шабани за општина Врапчиште.

- Нашите кандидати се почитувани имиња и ќе ја добијат довербата на граѓаните. Целта ни е да победиме во првиот круг во 7-8 општини, каде што меѓу тие општини што ќе бидат освоени во првиот круг се и четворицата кандидати на АА, рече Таравари.

Потпретседателското место во партијата му беше дводелно на Флакрон Беџети, за кој лидерот Таравари рече дека е важна личност и еден од нејзините основачи. Коментирајќи ги политичките конфронтации и поделеноста со доскорешните сопартијци, Таравари потенцира дека за тие што ја напуштиле партијата, нема да има место.

- Еднаш кажав и сега ќе повторам за Азир Алиу и Арбен Фетаи повеќе нема место во алијансата за Албанците. Дури и да се покаат, вратата им е затворена. Тие се свесни дека повеќе немаат никаква политичка тежина, рече лидерот на АА.

Тој посочи дека со Али Ахмети имале едночасовен разговор на кој биле договорени принципите на соработка, а деталите ќе ги утврдуваат работните Таравари потврди дека се направени избалансирани компромиси за сите партии во рамките на коалицијата НАИ.

13.09.2025 - 13:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега