Фрлил кокаин од возило за да не го фати полиција, но не успеа да избегне кривична пријава

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И.(37) од с.Добри Дол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 13.02.2025 на подрачјето на општина Врапчиште, гостиварско, пријавениот со патничко возило „форд фиеста“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање и при обид да избега, од возилото фрлил кокаин.

17.02.2025 - 22:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега