Ристески: Граѓаните очекуваат драстично намалување, aма нема цени како пред ковидот
Заменик министерот за економија Марјан Ристески вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека граѓаните очекуваат драстично намалување, но тоа не е можно.
„Граѓаните можеби очекуваат, бидејќи имало турбулентен период во минатото кога цените енормно се зголемуваат, кога има намалување цените драстично да се намалат, но не можеме ние цените да ги вратиме пред времето на ковидот и тие грешни политики на СДСМ и ДУИ“, вели Ристески.
19.02.2025 - 23:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа