Tоплотен бран ја зафати Шпанија, температурите достигнуваат до 45 степени

 

Во последните денови Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои и денеска надминаа 40 степени Целзиусови.

Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба.

 

Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија.

Тимовите за цивилна заштита во регионот на Андалузија на југот на земјата, каде температурите исто така достигнуваат до 44 степени, се во состојба на готовност.

Вчера највисока дневна температура од 43,8 степени Целзиусови беше измерена во Ел Гранада, област во провинцијата Хуелва во Андалузија.

Шпанија, која лани ја доживеа најтополата година во историјата, би можела да стане една од земјите на Европската Унија кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени, предупредуваат експертите.

„Во последната деценија, фреквенцијата на овие топли епизоди е три пати поголема отколку во претходните години“, истакна портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо.

 
26.06.2023 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега