Точно на пладне: Гевгелиските матуранти ќе танцуваат „Квадрил“

 

Гевгелиските матуранти заедно со соучениците од трета година од СОУ „Јосиф Јосифовски“, денеска точно напладне, со танцот „Квадрил“, ќе го одбележат завршувањето на средното образование.

Како што соопштија од локалната самоуправа, манифестацијата ќе се одржи на Градскиот плоштад во рамки на програмата од манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“.

 -Танцот е резултат на повеќенеделна подготовка под раководство на нивните професори по спорт и спортски активности и претставува симболична порака за зрелост, сплотеност и премин во едно ново животно поглавје, се наведува во информацијата од Општина Гевгелија.

Пред изведбата, учениците ќе положат свечена заклетва за ненасилство, почитување на различностите и промовирање на толеранцијата, чин кој ја одразува нивната определба за подобро и похумано општество. 

16.05.2025 - 09:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега