Точете гориво: Од полноќ и бензинот и дизелот со рекордно ниска цена

 


Од полноќ се намали цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот останаа исти.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС - 95 се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50, дизелот 69,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар. Цената на Мазутот останува 44,780 денари за килограм. 

Цената на бензините е најниската во последните повеќе од 2 години. Последен пат литар бензин под 77 денари сме имале во декември 2022. И дизелот има најниска цена во последните 2 години иако при днеешната корекција, неговата цена не се промени.

07.09.2024 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега