Тепачка по сообраќајна несреќа во Скопје: Возач на автобус нападнат од возач на „ауди“
Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје С.А.(42) од с.Чифлик, скопско, пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки управуван од пријавителот и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од едно лице, бил физички нападнат од возачот на возилото, кој потоа го напуштил местото на настанот.
С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
04.09.2025 - 17:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа