СДСМ: Ѓорѓиевски јавно се пофали дека во својот тим има осудено лице за поткуп
Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, јавно се пофали дека во неговиот изборен тим се вбројува и Гоце Станковски, човек осуден за примање поткуп од 9.000 евра. За тој случај, Станковски доби и затворска казна, се вели во соопштението од СДСМ.
„Ова не е само скандал, не е само јасна порака какви луѓе Орце собира околу себе, туку какви вредности застапува и како планира да работи, со корупција, поткуп и криминал.
Јавноста знае дека Орце застана целосно зад криминалните дивоградби во Чаир и нивниот коалициски партнер Изет Меџити. Тој е олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на бизнис интересите на елитата која го гази интересот на граѓаните секој ден.
Скопјани треба да знаат: глас за Орце е глас за корупцијата, за урбанистичкиот хаос и за криминалниот модел на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа