ТЕЦ Осломеј повторно исклучен од мрежата

 

Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање. Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа, информираат од АД ЕСМ во соопштение до медиумите.

„Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет.

Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 17.454MWh електрична енергија, што далеку ги надминува потребите на домаќинствата и малите  потрошувачи (регулираниот пазар), а покрива и најголем дел од дополнителните снабдувања на субјекти на слободниот пазар, доделени на снабдување на ЕСМ

Продажба со посебни одлуки на Владата во текот на енергетската криза“, појаснуваат од АДМ ЕСМ.

02.01.2023 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега