Теа Трајковска ги „запали“ социјалните мрежи (ФОТО)

Летото е во полн замав, па голем дел од луѓето, слободните мигови и денови ги користат за летни викенди и одмори. А, кога е лето најчесто тоа ни асоцира на сончев убав ден, песочна плажа, голема водена површина пред нас и сето она што со таквиот амбинт во пакет оди.

Меѓу сите обични луѓе и македонските јавни и естрадни личности не се исклучок кога е летото на повидок или во полн ек. Една од оние познатите, која деновиве на својот Инстаграм профил се пофали со фотографии по бикини од плажа беше и македонската пејачка од помладата генерација, Теа Трајковска.

Русокосата убавица како секси барбика, со собрана коса во плетенчиња и марама на главата, со модерни сончеви очила, во розеви бикини ги распослала своите телесни облини, па сето тоа го овековечила и споделила на неколку фотографии.

Од нив убаво се гледа дека Теа има со што да се пофали. Долги нозе, вито тело и извајан стас, со украсно синџирче околу појас, младата пејачка покажа дека и без силиконски додатоци и круппни естетски интервенции, можеш да зрачиш со привлечност и убавина на сите фреквенции.

 

15.07.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега