Таравари ја разреши директорката на детската болница „Козле“
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја разрешил директорката на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, а на нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.
Сега разрешената директорката вчера побара од медиумите да не го споменуваат нејзиното име. Директорувањето и беше одбележано со јавен судир помеѓу лекарите вработени во клиниката и директорката при што таквиот однос доведе до реакции во јавноста.
Од министерството посочуваат дека со назначувањето на проф. Бошковска, се очекува стабилизирање на состојбите во болницата и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, како и за пациентите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа