СЗО: Потребни се повеќе информации за новиот бран на инфекции со коронавирус во Кина
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека се потребни повеќе информации за да се извлечат заклучоци за новиот бран на заразени со корона вирусот во Кина.
Бројот на заразени лица во Кина се зголеми овој месец, бидејќи Пекинг ги олесни рестриктивните мерки поврзани со пандемијата.
Затоа Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја, Индија, Италија и Јапонија воведоа обврска да имаат негативен резултат од тестот за присуство на корона вирусот за патниците кои доаѓаат од Кина.
„За да може да се направи сеопфатна проценка на ризикот поврзана со ситуацијата со Ковид-19 во Кина, СЗО мора да има подетални информации“, рече Гебрејесус, пренесува Ројтерс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа