Стојаноска: СДС здравството го доведе до пропаст

 

На денешната собраниска седница за избор на нов министер за здравство се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која истакна дека македонското здравство години наназад се соочува со нестручност во менаџирањето на здравството.

„Анализирајќи, имавме доста експерти од здравствената област којашто имале можност да го водат овој ресор здравство, но секогаш не се покажало дека биле компактибилни, здравствената стручност со менаџирањето со ресорот здравство, и затоа апсолутно немам никаква сомнеж односно можноста што премиерот му ја дава на Азир Алиу како доктор по информатички науки да го води овој ресор, сметам дека добро би се снашол“, рече Стојаноска.

Стојаноска објасни дека Алиу би можел да состави добар експертски тим кадешто неговите способности ќе бидат добра комбинација за квалитетно здравство и квалитетни здравствени услуги.

„На тој начин составувајќи еден квалитетен и експертски тим сметам дека неговите менаџерски способности ќе бидат добра комбинација којашто на дело ќе покаже едно конечно квалитетно здравство, квалитетни здравствени услуги за сите граѓани во Македонија. Би можела слободно да го наречам и интернационален експерт од областа од којашто доаѓа, има бројни реализирани проекти од областа на дигиталната трансформација, вештачката интелегенција“, објасни Стојаноска.

На крај пратеничката го искоментира отсуството на Венко Филипче и објасни дека со добро организираната екипа на Алиу ќе се исплива од дното во коешто било западнато здравството години наназад. 

„Се надевам ќе добие поддршка не само од владеачкото мнозинство туку и добар дел од опозицијата, не можам да не го искоментирам отсуството на еден бивш министер за здравство од којшто очекував прв да биде пријавен, ако ништо друго да му даде совети на идниот министер за здравство како треба или како можеби не треба да раководи со овој сектор, но за жал неговото отсуство и не пријавувањето за збор доволно зборуваат колку Венко Филипче го руинира здравството и денес нема храброст ако ништо друго барем да му упати една честитка на еден следен министер за здравство. Голем е предизвикот за Азир Алиу но сметам дека со екипата којашто би ја составил околу него сметам дека добро ќе се снајде и се надевам дека конечно ќе испливаме од најдлабокото дно во коешто здравството е западнато години наназад, особено последните седум го доживеавме крахот кога еден врвен здравствен експерт го злоупотреби менаџирањето со здравството за договарање на тендери за профитирање од набавка на вакцини“, децидна е Стојаноска.

 

09.06.2025 - 13:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега