Средствата за проекти на општините предвидени во ребалансот на следната владина седница во вторник
Дел од средствата наменети за проекти на општините во вредност од 250 милиони евра се предвидени во ребалансот и веќе на следната владина седница во вторник очекуваме да почнат полека да се користат за потребите на граѓаните преку општините, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Министерството за локална самоуправа, посочи Мицкоски, набрзо ќе објави јавен повик, на кој општините ќе треба да аплицираат со проекти и тие проекти потоа ќе бидат финансирани.
-Тие проекти најпрво ќе бидат финансирани преку овие шест милијадри денари предвидени со ребалансот и потоа со нови 15 милијарди денари кои што ќе бидат предвидени во новиот буџет. За првпат во историјата на независна македонска држава имаме ваков тип на пристап помеѓу централната влада и општините, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Агенција за катастар на недвижности.
По повеќе од 20 години, подвлече Мицкоски, Владата и ЗЕЛС ќе бидат партнери во многу процеси важни за граѓаните.
- И Владата и градоначалниците се тука да бидат слуги на граѓаните и да работата за интересот на граѓаните, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа