Спречен терористички напад: Еквадорската полиција заплени експлозиви наменети за Колумбија

 


Еквадорската полиција спречи голем терористички напад, откако заплени огромна пратка експлозиви наменета за Колумбија.

Во гранична операција, полицијата открила и запленила 3.750 кутии експлозив и 25.000 метри детонаторска жица. Уапсени се двајца Еквадорци.

Според надлежните, оваа заплена може да е поврзана со неодамнешниот напад со камион-бомба во Колумбија, во кој загинаа шест лица.

25.08.2025 - 09:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега