Сончево и топло: Темпратури до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

УХМР информира дека од утре до вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

17.08.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега