Таравари: Онколошка терапија ќе има најдоцна до четврток
\
Министерот за здравство Арбен Таравари, во 24 анализа на ТВ24 рече дека биолошката терапија која недостасува на Онкологија ќе биде достапна до крајот на оваа недела. За недостигот на лекови, Таравари изјави дека не чувствува политичка одговорност. Тој ексклузивно за Тв 24 најави и дека од оваа година ќе се зголеми капитацијата за матичните лекари од 75 на 100 денари.
„Количината на биолошката терапија годинава беше повеќе од минатата. Лекови имало повеќе од минатата година, меѓутоа побарувачката на пациентите е порасната. Без да направиме регистар на пациенти кои се третираат нема да имаме точна предвидливост за идната година затоа и ни се случува овој момент, се случува неколку пациенти да не може да се третираат“, изјави Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа