Внимавајте на кого давате податоци: 63-годишен скопјанец подигнал кредит на туѓо име
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „измама“.
Пријавениот лажно се претставил и преку социјална мрежа стапил во контакт со лице од Берово.
Под изговор дека на неговата сметка ќе му бидат испратени пари, пријавениот од лицето побарал и добил податоци од банкарската сметка и лична карта, по што подигнал кредит од финансиско друштво на име на оштетениот.
27.01.2025 - 16:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа