Уапсен е човек кој дошол во Вашингтон со нож, молотови коктели и намера да убие функционери
Вооружен човек вчера бил уапсен во американскиот Капитол, а кај него се пронајдени нож и молотови коктели, јавија американските медиуми. Тој на полицајците им кажал дека планирал да ги убие секретарот за финансии на САД Скот Бесант, секретарот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, но и да ја запали фондацијата „Херитиџ“.
Човекот по име Рајан Мајкл Инглиш од Масачусетс бил пронајден со нож и два молотови коктели вчера попладне во близина на јужната порта на Капитол.
„Би сакал да се предадам“, рекол Инглиш откако му се приближил полицаец кој го обезбедувал објектот, соопштија властите.
Полицијата го привела и извршила претрес при што нашла нож на преклопување, запалка и две шишиња вотка.
Инглиш им кажал на полицајците дека отишол во Капитол за да го убие Бесант, а потоа открил дека имал уште молотови коктели во својот автомобил.
Според неговиот исказ, тој тргнал од дома во неделата со намера да ги убие Хегсет, кого го нарече „нацист“ и Џонсон, како и да ја запали фондацијата „Херитиџ“. Но, кога на патот запрел во државата Мериленд, го сменил планот откако дознал дека гласањето за назначувањето на Басент било во понеделник. Тој рекол и дека дека неговата цел била да ги „замени“ функционерите и да испрати порака, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа