Нијагарините водопади покриени со мраз поради екстремната зима

 

Нијагарините водопади, создадени пред повеќе од 125 века, се делумно замрзнати поради ниските температури кои го зафатија поголемиот дел од Соединетите Американски Држави.

Екстремниот студ и рекордно ниските температури продолжуваат да се забележуваат во делови од САД.

Снимките од дрон покажуваат дебели слоеви мраз и снег околу Нијагарините водопади, кои денес се граница меѓу САД и Канада и една од петте најатрактивни туристички дестинации во светот.

Нијагарините водопади се серија од масивни водопади лоцирани на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка.

Тие се вбројуваат меѓу седумте светски чуда, а поларните минусни температури создадоа леден синџир околу водопадите и на тој начин формираа прекрасни сцени.

29.01.2025 - 22:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега