Проневера во јавно претпријатие: Вработен си присвоил пари од наплата

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(49) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Во текот на 2023 и 2024 година, пријавениот како вработен во јавно општинско претпријатие вршел наплата во домови кај корисници во селата Милетино и Блаце, тетовско, а паричните средства не ги предал во благајната, туку ги присвоил за себе.

27.01.2025 - 16:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега