Со или без поддршка од САД, Израел испраќа војници во Рафа
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека останува решен да испрати војници во Рафа, поточно во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште.
Тој истакна дека тоа ќе го стори со или без американска поддршка.
Во разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Нетанјаху кажа дека нема ниеден начин да се победи исламистичкото движење Хамас, и дека е неизбежно влегувањето во Рафа.
„Му кажав дека се надевам дека ќе го направиме тоа со поддршка на САД, но ако треба – ќе го направиме тоа и сами“,соопшти Нетанјаху.
Блинкен пристигна во Израел како резултат од интензивните дипломатски напори во текот на неговата нова турнеја низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и непосреден прекин на огнот“ во Газа и да се спречи израелската офанзива во Рафа, пренесуваат локалните медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа