Скопје1: Не било ништо непознато насилството за Палчо

Кривичното досие на Палчо покажува дека насилството не било ништо непознато за него, пишува Скопје1. Имено, пред седум години, тој изршил семејно насилство, покажува решението од скопска Апелација.

„Скопје1“ побарал, но не дошле до до пресуда со која Палчо бил осуден на било каква казна, туку добил само времени мерки забрана за закана кон лицето кое го трпело насилството.

„Воедно, со изрекување на привремените мерки ќе дојде и до елиминирање на причините за вршење на натамошно семејно насилство над предлагачката и ќе допринесе да живеат во похармонични односи“, посочила Апелација во решението по кое одлучувале бидејќи била поднесена жалба од страна на Палчо и уште едно лице кое било тужено во Граѓански суд.

Палчо, според сведочењето во пресудата, подолго време го малтретирал членот на неговото семејство. Сведокот лично видел кога Палчо мавал боксови, плукал, навредувал. Членот на семејството бил однесен во болница, а во тој момент дошла и полиција.

За насилство ова е единствена судкс одлука против него, но не и кога станува збор за пари. Должел, но и му должеле. Тужел, но исто така и него го тужеле. Должел пари, но имало ситуации и кога на нему му се должело пари. Имало спор и за исплата на станови во Центар.

Тој моментално се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, а Македонија ќе бара негова екстрадација. Сеуште трае истрагата за двете убиства, а дел од осомничените признаа вина во МВР и Обвинителство.

 

07.12.2023 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега