(ФОТО) Газдата на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски заминал на прослава во Истанбул
Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера бил забележан во Истанбул, Турција. Фотографијата на која е снимен заедно со неговиот татко и чичко, на прослава, брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика интерес во јавноста.
Јахоски беше ослободен од притвор со судска одлука, при што му беше одземен пасошот, а како гаранција за присуство во понатамошната постапка уплати значителна сума пари. Сепак, според информации на порталот Скопје1, тој поднел барање за привремено враќање на пасошот, што било одобрено од страна на судот. Со оваа одлука, неговото патување во Турција е законски дозволено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа