Сјарто: Некои западни лидери се подготвени да се борат „до последниот млад човек во Украина“

 

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска објави дека некои лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“.

По денешниот состанок на НАТО зад затворени врати во Брисел, тој изјави дека барањата на Алијансата Украина да го намали старосниот праг за нови регрути се „шокантни и крајно опасни“.

Наместо да ја намалиме старосната граница за регрутација, транспорт на оружје и обука, треба да зборуваме за мир, прекин на огнот и преговори“, напиша Сијарто на Фејсбук.

 

04.12.2024 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега