Силен земјотрес повторно ја погоди Јапонија


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер ја погоди префектурата Мијазаки и други области во југозападна Јапонија.

Земјотресите се регистрирани во 10:25 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на источниот брег на полуостровот Охсуми на југозападниот главен остров Кјушу на длабочина од 39 километри, јави агенцијата Кјодо.

Нема предупредувања за опасност од цунами поради земјотрес, а засега нема информации за жртви или материјална штета.

08.04.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега