Серија апсења на повеќе локации во Македонија
Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на целата држава.
На 18.02.2025 во 09.35 часот во с.Отушиште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода А.Б.(22) од с.Отушиште. Тој се сомничи дека на 16.02.2025 околу 00.10 часот пред спортска обложувалница на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово физички го нападнал Н.К.(56) од Тетово и му одзел пари и два мобилни телефони. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.02.2025 во 20.00 часот на ул.„Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници одСВР Охрид го лишиле од слобода Ш.Р.(38) од Дебар. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.02.2025 во 20.45 часот на ул.„Ѓорги Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Л.Д.(19) и Б.Б.(19), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Л.Д. биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, и семки од канабис. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 08.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(34) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 05.00 часот предизвикал пожар на две возила, паркирани во кругот на Општа болница Струмица. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 17.02.2025 во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.О.(24) од село Гошинце и А.О. (23) од Куманово затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Денеска (18.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.О.(31) од Битола затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 22.50 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.02.2025 во 11.00 часот на улица „Струшка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.М.(27) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил пренесен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Денеска (18.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ј.Ј.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа