Хорор во Чешка: Напад во трговски центар, има загинати

 


Напад се случи во трговски центар во Чешка, при што загинаа две лица. Нападот се случил на северот на земјата, во градот Храдец Кралове, пренесуваат тамошните медиуми.

Според информации од медиумите, полицијата успеала да го фати напаѓачот. 

„Го фативме осомничениот околу 10 минути по нападот, на околу километар од местото на злосторството. Станува збор за 16-годишен чешки државјанин“, рече Ива Кормошова, портпаролка на полицијата, според Лидове Новини.

Жртви, според непотврдени информации, биле две продавачки кои на местото на настанот им подлегнале на повредите. На местото на злосторството е пронајден нож со сечило долг 20 сантиметри.

20.02.2025 - 12:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега