Новчаникот на ЏЛо се здебели за 5 милиони долари

 

Музичката ѕвезда Џенифер Лопез настапи во Дубаи на отворањето на хотелот „One&Only One Za’abeel“, а иако за него заработи дури пет милиони долари, настанот не помина без контроверзии.

Имено, Џенифер за настапот избрала неколку различни стајлинзи, а заедно со комбинацијата ролка со светки и бели панталони, најмногу внимание привлекле двата тесни комбинезона со светки.

Таа ги извела песни „Dinero“, „Jenny From The Block“, „Ain’t It Funny“, „I Will Survive“, „Let’s Get Loud“, а воодушевување предизвикала песната „Louboutins“, која вообичаено не ја изведува на концерти.

Снимките од нејзиниот настап ги преплавија социјалните мрежи, но целиот настап не помина без контроверзии.

Според британскиот весник „Сан“, Џенифер Лопез добила дури 5 милиони долари за да биде почесен гостин на отворањето на хотелот со пет ѕвезди откога претходно тврдела дека нема да настапи.

20.02.2025 - 17:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега