Мајка и ќерка преживеале хорор во кривопаланечко: Ги претепал, па со нож им се заканувал и ја оштетил покуќнината
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од кривопаланечко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 06.02.2025 во семејната куќа во селото, пријавениот физички ги нападнал неговата 14 - годишна ќерка и неговата сопруга, по што со нож им упатил закани и оштетил дел од покуќнината..
21.02.2025 - 16:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа