Сенка на сомнеж: Бајден се сомнева во мирен трансфер на власта по изборите
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не е сигурен за мирен трансфер на власта во САД доколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп загуби на претседателските избори на 5 ноември.
„Ако Трамп загуби, воопшто не сум сигурен за мирен трансфер на власта. Тој го мисли она што го кажува. Ние не го сфаќаме сериозно“, рече Бајден.
Ројтерс пренесува дека за време на мартовската кампања во Охајо, Трамп предупредил на „крвопролевање“ доколку не победи на изборите.
08.08.2024 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа