СДСМ: Намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73
Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните. За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект, се вели во соопштението на СДСМ.
„Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне.
За потсетување, Владата на СДСМ минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Ова е реална помош.
Во соседна Србија поевтинија 700 производи, слично е во Црна Гора. Ова што го донесе како мерка Владата на Мицкоски граѓаните нема ни да го осетат и тоа е доказ дека тој нема никаков интерес да се грижи за стандардот на граѓаните.
За прв пат денес стигна и информацијата дека просечната плата за јули бележи пад од речиси 1000 денари по пет години постојан раст. Се намалуваат платите, цените остануваат високи. Граѓаните заслужуваат фер третман и вистинска грижа“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа