Самарџиев: Дупката во која беше закопан Панче, ако не ви ја посочи некој, нема шанси да ја најдете

 


На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочеше поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев. Тој рече дека имал единствено комуникација со Велибор Манев, кој им покажал каде било закопано телото на Панче Жежовски. Претходно Самарџиев забележал дека возилото на Панче е излезено од Велес, но не ни претпоставувал дека тој е убиен.

Велибор Манев ни го посочи местото, прво ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања и каде е закопана, а потоа и местото каде е закопано телото на Панче, сведочеше Самарџиев.

-На патарините има 6 камери, 6 инспектори гледавме, на 21-ви се појавува возилото на бензинската пумпа Лукоил, на бензинската пумпа Макпетрол не го гледаме. Отидовме лично да видиме во „Сејф сити“ и тогаш првпат гледам дека возилото е излезено од Велес. Тоа е стар систем и не се гледа најдобро. Ние во тој момент мислевме дека е жив човекот. Подоцна во скопскиот регион го најдовме возилото запалено, и сигурни бевме дека лицето е убиено. Во хотел Романтик одземавме снимки и таму се гледаат како се движат две возила. Јас единствено имав контакт со Велибор Манев. Тој нѝ го посочи местото. Прво ни кажа дека тие се виновници за убиството на Вања и местото каде е закопана Вања. Потоа нѝ го покажа местото каде е закопано телото на Панче. Тој ни кажуваше каде да се движиме. Дупката ако не ви ја посочи некој, нема шанси да ја најдете. Ни откри дека Палчо пукал. Викнавме пожарна кои ни помогнаа да го извадиме телото. Дупката беше голема 2-3 метри, изјави Самарџиев.

16.10.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега