Роналдо ги изведе соиграчите на вечера и ја плати сметката

 

Голем дел од фокусот околу Португалија беше излегувањето на Кристијано Роналдо од „Манчестер Јунајтед“, но капитенот реши да ги почасти соиграчите од националниот тим вечера откако менаџерот Фернандо Сантош им дал слободна ноќ.

„Роналдо ја остава драмата со ‘Манчестер Јунајтед’ зад себе за да се фокусира на следниот натпревар на својата земја, пишува „Дејли мејл“, еден од многуте медиуми кои ја објавија веста за убавиот гест на капитенот. Тројца играчи – Бернардо Силва, Жоао Кансело и Жозе Са – не биле присутни.

Фотографијата од заедничката вечера стана вирална. Покрај спортските портали, веста ја пренесоа и светските шоу-биз медиуми.

Најновиот на пазарот за слободни играчи постигна гол од белата точка во првата победа на Португалија на мундијалот, негов прв натпревар по нецеремонијалното излегување од Олд Трафорд.

Фрустрацијата растеше во текот на подготовките за мундијалот, а и за време на турнирот. Клупските проблеми на Роналдо доминираа во вестите над обидот на Португалија да освои свое прво Светско првенство, пишуваат британските медиуми.

27.11.2022 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега