РЕС нуди до 40% пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Фирмата за снабдување со електрична енергија РЕС нуди до 40% пониски цени од моменталните на пазарот, што е од собено значење посебно за малите потрошувачи.

Ресторани, работилници, салони за убавина и други мали бизниси можат да добијат значително поевтина електрична енергија и пониски сметки  за нивните деловни објекти доколку се снабдуваат преку РЕС. 

Новите цени на пазарот за мали потрошувачи изнесуваат 13,38 денари по KWh  без ДДВ, додека понудата на РЕС е пониска и до 40%.

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply)моментално има 1000 клиенти, од кои 650 се мали потрошувачи, и секој од нив добива најефтино, сигурно, стабилно и еколошко снабдување со електрична енергија.

РЕС беше и најголем снабдувач на стопанството на слободниот пазар во 2023 година, како што беше наведено во годишниот извештај на Регулаторна комисија за енергетика, а балансната група во 2024 година е значително зголемена.

03.09.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега