Путин: Русија не планира да распореди нуклеарно оружје во вселената


Москва не планира да распоредува нуклеарно оружје во вселената, рече рускиот претседател Владимир Путин денеска пред Советот за безбедност на Руската Федерација и додаде дека неутрализирањето на заканите во вселенското пространство треба веднаш да биде во центарот на нивното внимание, јавија руските медиуми.

Неименувани американски извори велат дека Русија развива вселенско антисателитско нуклеарно оружје, и покрај тоа што Путин рекол дека се противи на нуклеарното оружје во вселената.

Кремљ категорично ги отфрла тврдењата на Вашингтон.

01.03.2024 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега