Не тагува по раскинувањето: Шарлиз Терон бара ново момче
Оскаровката Шарлиз Терон раскина со Алекс Димитријевиќ, кој има балканско потекло, и се приклучи на апликацијата за запознавање, каде што бара нов партнер.
Познати се и деталите за нејзината љубовна понуда, а карактеристиките на таа платформа за запознавање на која можете да се придружите само доколку сте јавна личност и доколку добиете покана, сведочат за тоа каков маж бара познатата актерка.
Шарлиз и Алекса почнаа да се забавуваат минатиот мај, а набргу по раскинувањето, таа реши да најде нов партнер на апликацијата Raya, пренесува The Sun. Актерката на апликацијата се претставува под иницијалите „Ц“, но профилот го поврзала со нејзината страница на Инстаграм каде има 7,7 милиони следбеници.
Raya е приватна и ексклузивна мрежа за запознавање, основана во 2014 година од Даниел Генделман.
Резервирана е само за членови, а членството е рестриктивно: само познати личности, истакнати имиња од индустријата и најголемите ѕвезди на интернетот можат да се приклучат на мрежата, било преку долг процес на селекција или со покана.
Шарлиз Терон (49) избира исклучиво познат, успешен маж. Можеби таа се води од фактот дека таквиот партнер ќе ја разбере подобро, земајќи ги предвид нејзината кариера и слава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа