Прва фотографија по породувањето – Лука и Софија го открија и името на бебето (ФОТО)
Манекенката Софија Милошевиќ се породила во неделата на 27 март 2022 година, доцна вечерта во Мадрид.
Софија и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ го добиле вториот син. Пораѓањето поминало добро и манекенката се чувствува одлично, пренесува српски Телеграф.
Лука е пресреќен и по повод раѓањето на синот ги честел своите соиграчи во Данска каде што во моментов престојува со репрезентацијата.
Ексклузиво за Стори.рс откриле дека бебето ќе се вика Теодор.
Лука и Софија го добија првиот син Алексеј на 8 септември 2020 година. Ова е третиот наследник на фудбалерот, кој го има и синот Давид од врската со Анџела Маниташевиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа