ДУИ: Владата веднаш да запре со спроведување на руската агенда за дестабилизација на земјата

 

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост за опасните политики на владата, кои не само што ја поткопуваат стабилноста на Северна Македонија, туку и се совпаѓаат со дестабилизирачка агенда која им служи на геополитичките интереси на Русија.

Последните потези на владата, вклучително и обвинувањата против Албанците за кризи кои самата ги создава, покажуваат јасна стратегија која има две цели:

  • да ги уништи темелите на Охридскиот рамковен договор, и
  • да го одвлече вниманието од неуспехот да ги реализира неопходните уставни измени за интегративниот пат кон Европската Унија, велат од ДУИ.

„Присуството на личности како заменик-претседателот на владата Стоилковиќ и неговата координација со дестабилизирачката агенда на политичари како Вулин, познат по своите блиски врски со Кремљ и обидите за поткопување на регионалната стабилност, е јасен доказ за директното влијание на Русија во овие процеси.

ДУИ нагласува дека Албанците отсекогаш биле гаранти за стабилноста и промотори на евроатлантските процеси во Северна Македонија. 

Обидите да се портретираат како фактор на дестабилизација се неосновани и имаат за цел да ги прикријат неуспесите на владата и нејзината ориентација кон странски агенди.

Упатуваме апел до владата веднаш да го прекине овој неодговорен курс и да даде јавна отчетност за мотивите и последиците на овие политики. Албанците нема да подлегнат на овие намерни провокации и ќе продолжат да ја штитат стабилноста, мирот и евроатлантскиот пат на земјата.

Исто така, упатуваме апел до меѓународниот фактор внимателно да ги следи овие случувања и да интервенира за да спречи дестабилизирачките агенди да предизвикаат непоправлива штета на земјата и регионот.

ДУИ останува посветена на заштитата на стабилноста, Охридскиот мировен договор и евроатлантската интеграција, како столбови на заедничката и сигурна иднина на Северна Македонија“, стои во соопштението од ДУИ.

03.12.2024 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега