Проверете си ги сметките: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

 

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на : 
 
-корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, 
-корисниците  на посебен додаток, 
-корисниците на  правото на надоместок заради попреченост, 
-корисниците на надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и 
-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. 
 
Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
 
 
12.12.2022 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега