Пристигнува младата месечина во знакот на Вага - овие знаци особено ќе почувствуваат турбуленции

 

Младата месечина во знакот Вага се случува токму во исто време со ретроградниот Меркур, што доведува до судир на две потполно различни енергии. Но од 25 септември почнува период што е идеален за да ги преиспитате вашите мисли, желби и да се фокусирате на нивното остварување.

Оваа лунарна енергија прави да бидете отворени, нежни, а подготвени за нови работи, ве поттикнува да се фокусирате на пронаоѓање рамнотежа. Младата месечина ни испраќа слатка и хармонична атмосфера – ќе го почувствувате тој зен момент.

Вашето расположение ќе ве поттикне да го вреднувате тоа што го сакате, а најдоброто што можете да го направите е да си дадете простор и време. Ако почувствувате дека ви се спие повеќе од вообичаено, знајте дека и тоа е едно од дејствата на младата месечина.

Исто така, ќе почувствувате голема мотивација и желба да ги остварите вашите цели, а овој период е одличен и за грижа за себе и за ширење позитивна енергија околу себе.

Младата месечина најтешко ќе им падне на Овните кои повеќе нема да можат само да брзаат, туку ќе мораат и малку да застанат, а и нивниот љубовен живот ќе биде ставен на искушение.

Овие промени ќе ги почувствуваат и Вагите, на кои им следи турбулентен период, особено во поглед на тоа како се доживуваат себеси.

Јарците ќе добијат многу нови идеи и работни предизвици, додека ќе мораат да обрнат внимание на меѓучовечките односи.

21.09.2022 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега