„Преживеав само со Божја помош“: Тања Савиќ фатила корона, но не ги откажала настапите

За време на настапот едвај стоела на нозе, бидејќи имала силни главоболки и вртоглавици.

Пејачката Тања Савиќ призна дека била тешко болна, но дека не сакала да ги откаже настапите за да не им направи проблеми на менаџерот и сопствениците на клубовите.

-Имав корона и бев навистина болна. Едвај преживеав. Сè уште ги имам последиците како ефекти и не ми е добро. Косата ми паѓа. Работев додека бев толку болна, многу тежок период е зад мене, ја започнува својата приказна Тања.

Таа додава дека за време на настапот едвај стоела на нозе бидејќи имала силни главоболки и вртоглавици.

-Имав однапред закажана летна турнеја и немав срце да ја откажам иако бев болна. Тоа би било проблем за сопствениците на дискотеки, но и за мојот менаџер. Се разбира, и за публиката, бидејќи тие би биле разочарани. Затоа и покрај короната пеев. На сцената главата ми болеше, ми се вртеше, чувствував слабост, едвај стоев на нозе. Имав силни главоболки. Преживеав само со Божја помош, рече таа.

На прашањето кога точно сфатила дека има корона, Тања одговара:

-Поради настапите, се тестирав само пет дена по првите симптоми. Тестот беше негативен бидејќи е точен за првите неколку дена од болеста, но лекарите ми рекоа дека најверојатно се работи за корона и дека треба да проверам антитела. Веднаш проверив и резултатот покажа дека сум се заразила со вирусот. Имав дури 4.360 антитела, што е доста. Продолжив да работам, што ќе правам…, раскажа Тања.

24.09.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега