Пресврт во гимназијата „Георги Димитров“: Половина од одличните ученици паднаа на приемен испит – Јаневска најавува крај на „поправањето“ оценки

 


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.  

- Сте можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да поправа оценки. Завчера во „Георги Димитров“ полагаа 75 ученици со сите петки, а 50 проценти не го положија испитот. Нема повеќе поправање на оценки на наставнички совет. Ако сака ученикот да поправи оценка, ќе си дојде заедно со родителот и ќе полага пред комисија, а не со кренање рака на наставнички совет затоа што родителот ни се допаѓа или затоа што така рекол градоначалникот. Нови измени на законот ќе правам за се што ќе видам дека не функционира на терен затоа што неопходно е системот на образование да профункционира. Младите ни отидоа затоа што не функционира системот на образование, затоа што оние што заслужиле петки не сакаат оној што има двојка да му се поправи оценката во петка на наставнички совет, рече министерката Јаневска.

Во гимназијата „Георги Димитров“ беа пријавени повеќе ученици отколку што имаше предвидено слободни места. Поради тоа, наместо директен упис, во гимназијата беше спроведен приемен испит. 

26.06.2025 - 16:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега