Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е заинтересирана Иран да продолжи да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), и покрај гласањето на иранскиот парламент за прекин на таа соработка.
Гласањето доаѓа по воздушните напади на САД и Израел врз ирански нуклеарни постројки, наводно за да се спречи Техеран да се здобие со нуклеарно оружје – обвинување кое Иран постојано го негира.
Лавров истакна дека одлуката на парламентот има советодавен карактер, бидејќи не поседува извршна власт, и дека одлуката за соработка останува во рацете на врховниот лидер на Иран.
– Заинтересирани сме сите да го почитуваат Врховниот лидер на Иран, кој постојано повторува дека Иран нема и нема да има планови за создавање нуклеарно оружје. За ова прашање постои посебна фатва, религиозен документ кој има највисок авторитет во Исламската Република, додаде Лавров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа